Тајсон и Вајлдер заработувачката ја делат 50-50

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе ја делат 50-50 заработувачката од ниваната борба, вели британскиот менаџер Френк Ворен.

Сите детали околу средбата се наведени, остануваат ги само датумот и местото кои наскоро треба да се објават. Предвидувањата се дека борбата ќе се одржи на 17 ноември во Лас Вегас, но на потврдата ќе се чека до крајот на неделата.

Најверојатно Кралот на Циганите и Бронзениот бомбардер кои немаат пораз во кариерите, ќе се соочат во рингот за не помалку од 20 милиони долари вкупно загарантирана сума.

Фјури има 27 последователни победи, додека светскиот шампион на ВБЦ има 40.

„Двајцата се задволни од парите што ќе ги заработат. Тајсон никогаш не изгубил меч, тој ги даде (ослободи) појасите, па на сите им е јасно дека е регуларен светски шампион. Единствената титула што му недостига е токму ВБЦ и ќе ја освои“, рече категорично Френк Ворен.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО