ММА борец уапсен, го претепал до смрт 1-годишниот син

Жоел Сантос – Тигре е приведен во полицијата под обвинение дека го претепал до смрт младиот син кој имал само една годинка.

Според извештајот од полицијата, Жоел и неговата втора сопруга, која е маќеа на детето, живееле заедно во последните 9 дена од животот на бебето.

Неколку часа пред смртта лекарите реагирале на сигнал дека бебето се дави и утврдиле дека има скршени ребра и растргнат црн дроб, што според нив е од удар со тупаница во пределот на грбот на детето. Исто така забележале траги од претходни повреди.

Детето умира утрото на 16 август, а неговата биолошка мајка тврди дека имала забрана да се приближува на Сантос и на детето. Сантос и неговата втора сопруга одбиваат да ја признаат вина и тврдат дека детето природно починало.

Сепак, обдукцијата покажала дека детето било подложено на физичко насилство. Двајцата ќе останат во затвор додека трае истрагата.

Сите се во шок од веста, а соборец на Сантос вели дека не може да поверува, ако докажат дека е виновен, се надева дека ќе плати за стореното.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО