Тајсон го смета Томас најтежок противник во кариерата

Поранешниот неприкосновен светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон (50-6 победи-порази) за свој најтежок противник во кариерата го смета поранешниот шампион на ВБЦ и ИБО, Пинклон Томас (43-7).

„Мислам дека Пинклон Томас беше мојот најтежок противник. Никогаш не би рекол дека ми беше најтежок противник, но пред две години гледав снимка од нашата борба, мојот пријател ме советуваше да ја гледам. Го совладав, но добив 17 силни удари во глава“, изјави Тајсон.

„Челичниот Мајк“ го победи Томас со технички нокаут во шестата рунда. Борбата се случи на 30 мај 1987 година во Лас Вегас, САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО