Тајсон Фјури: Вајлдер ќе го нокаутира Џошуа уште во првата рунда

Тајсон Фјури можеби е целосно фокусиран на претстојниот трет меч со Дионтеј Вајдлер, но Британецот не го заборава сонародникот Ентони Џошуа, со кого требаше да се бори.

Тие светски шампиони и нивните табори преговараа скоро половина година, само за да дојде Дионтеј Вајлдер и да ја уништи британската партија. Откако стана извесно дека Фјури е должен повторно да се бори со „Бронзениот бомбардер“, Еди Херн и Ентони Џошуа се свртеа кон следниот голем противник, Александар Усик.

Шампионот на ВБЦ вети, откако ќе го заврши Вајлдер, ќе се справи и со „Еј Џеј“.

„Ќе се справам со Џошуа и Еди Херн во подоцнежна фаза“, рече Фјури.

„Прво треба да се справам со најопасниот боксер во нашата категорија. Тоа е Дионтеј Вајлдер, кој уште во првата рунда ќе го нокаутира Џошуа.

Откако ќе го оправам него, тогаш ќе си ги добијат петте минути слава. Ќе поминам преку двајцата на начин што никој не го направил. Му реков и на Еди Херн – разликата меѓу мене и нив е во тоа што јас сум Спартанец, а тие се бизнисмени.

Апсолутната титула во тешка категорија не ми значи ништо. Ова е за Херн и Џошуа, нив ги привлекува. Јас сум во оваа деловна активност затоа што сакам да се борам и сум роден да го правам тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО