МОК Собрание: Димевски доби нов мандат, а од Георгиевски и Нуров очекува медали во Токио

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, доскорешниот газда на РК Вардар и на ФК Вардар, во чија ера најтрофејниот клуб заглави со три ипол милионски долг и испадна од Првата лига, од денеска е нов член на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Самсоненко е избран на член на Управниот одбор на најголемата спортска организација, откако на 36 дена до почетокот на летните Олимписки игри во Токио (23 јули – 8 август) е избран во највисокото тело на олимпиското движење.

Влегувањето на Самсоненко во УО на ФФМ е откако МОК го доби спортскиот центар „Јане Сандански“ после партнерскиот договор со што модерната сала е сега е предадена на раководење на нашето олимписко движење и сега спортскиот центар станува олимписки дом на сите национални спортски федерации

Првиот човек на МОК доби доверба од сите делегати на Собранието за нов четиригодишен мандат за да го предводи макеоднскиот олимпизам, а Македонија има двајца спортисти со норма на претстојните Игри во Токио – Дејан Георгиевски во таеквондо и Магомедгаџи Нуров во борење.

Собранието за членови на МОК, покрај НСФ-ии кои го имат мнозинството на гласови, во следните четири години едногласно ги избраа Даниел Димевски, Дивна Пешиќ, Едина Муса, Горан Пандев, Тодор Гечевски, Владимир Богоевски, Могамед Ибрагимов, Гордана Нацева, Наталија Малахова-Тодоровска, Назим Куртовиќ, Пуликсенија Јованоска, Антонио Ристовски, Горан Србиновски, Ѓоко Диневски, Јасминка Пандаева, Руждија Калач, Весна Балазовска, Златко Калински, Венцислав Недев, Стојан Поповски, Нина Балабан, Или Марку, Гордана Николовска, Паралимписки комитет, Специјална олимпијада, Кикбокс Маитаи федерација на Македонија, Самбо федерација на Македонија, а за нови членови беа избрани и Националните спортски асоцијаци одговорни за Скејтинг, Рагби, Дигање тегови и Текбол.

Согласно новиот Статут избрани се четири потпретседатели и тоа Цветанка Макаровски, Димитар Костадинов, Шабан Сеидиу и Перо Антиќ.

За членови на УО на МОК едногласно без избрани Даниел Димевски-претседател, Сергеј Самсоненко, Нина Балабан, Тони Стојановски (Стопанска Банка), Љупчо Васовски (Тинекс), Петар Денковски (ВЕРО), Мухамед Зекири, Васко Ковачевски (ЕСМ), Емил Стоименов (Канал 5), Вања Туџаров (РЕПЛЕК), Ленче Алексовска-Величковска, како и Националните спортски федерации од спортовите фудбал, ракомет, одбојка, скијање, таеквондо, пливање, гимнастика, триатлон, кајак, голф, мечување и спортско качување кои го имаат мнозинството на гласови во УО на МОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО