Русин повлече 40-тонски авион „Боинг 737“ и собори рекорд (ВИДЕО)

Пред неколку дена во Сургут, Сибир, Максим Гамецки покажа невидена сила на меѓународниот аеродром во градот. Гамецки успеа да повлече 40-тонски „Боинг 737“ 15 метри. Со тоа го собори рекордот што негов сонародник го постави минатата година откако повлече авион тежок 36 тони.

Охрабрен од толпа гледачи, бодибилдерот направи три обиди, а неговиот рекорд го провери Василиј Гришченко, кој е шеф на Руската федерација за спортски сили.

Гамецки го носи прекарот „Сибирска мечка“ и е учесник на натпревари за сила повеќе години. Тој се стекна со слава како „Најсилниот човек од Сургут“ и „Најсилниот човек од областа Тјумен“, меѓу другите титули.

Максим откри дека се плаши бидејќи на ниту еден тренинг не успеал да го повлече. Претходниот рекорд му припаѓаше на Елбрус Нигматулин, повеќекратен победник на најсилниот човек во Русија. Во 2020 година повлекува авион од 36 тони, дури 25 метри.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО