Тајсон Фјури: Вајлдер е за мене, ќе го струполам!

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) е уверен дека ќе успее да го совлада актуелниот ВБЦ шампион Дионтеј Вајлдер.

Фјури со интерес ја проследи последната средба на Вајлдер, кога во 7-та рунда наиде на сериозни тешкотии во одбраната на титулата.

Непобедениот боксер успеа да го собори Луис Ортиз пред 14.000 луѓе во 10-тата рунда, а конечно го доврши со аперкат пред судијата да стави крај на дуелот.

Фјури последен пат се бореше со Владимир Кличко за ВБО, ИБО, ВБА и ИБФ титулите во ноември 2015-тата, но во моментов повторно тренира, за да се врати на рингот.

Неколку месеци по оваа победа Фјури го предизвика Вјалдер, по нокаутот против Артур Шпилка.

Како последица по битката, Фјури запдна во депресијата и употребуваше дрога, а тоа го чинеше со одземеање на титулите и лиценцата да се натпреварува.

Неодамна успеа да си ги поврати и да ги реши сите негови проблеми со Британската анти допинг агенција, откако беше фатен во употреба на забранети супстанци во 2015-та.

По проследувањето на последната средба на Вајлдер, Фјури верува дека може да го победи и сака средба со него по секоја цена.

„Создаден е за мене. Што и да се случува со неговата кариера, без разлика дали ќе биде нокаутиран во наредниот дуел, сакам да се борам со него, бидејќи имаме незавршена работа“.

„Кога ќе излеземе на рингот, ќе го струполам. Тој е добар боксер и ќе има шанса до крајот на средбата. Сепак, верувам дека сум најдобар во категоријата и ќе му одржам лекција што ќе ја запамети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО