УФЦ дебитира во Москва во септември

Според РТ спорт, долго очекуваното деби УФЦ ќе го направи во Москва на Олимпискиот стадион. Настанот е закажан за 15 септември на УФЦ 228.

Персоналот на Олимпискиот стадион, исто така, потврди дека стадионот бил резервиран од УФЦ за септември. УФЦ не ја потврдија официјално информацијата, но од страната со настани на Википедија може да се види дека УФЦ 228 ќе биде во Москва.

Дана Вајт веќе долго време сонува за настан во Русија. Конор Мек Грегор исто така сака да се бори во Русија против Хабиб Нурмагомедов, но прво треба да победи на средбата против Тони Фергусон на УФЦ 223.

Во интервју, таткото на Хабиб, Абдулманап, изјави дека по УФЦ 223 дека ќе им дадат датум за средба со Конор Мек Грегор. Има многу добри руски борци кои ќе се приклучат на настанот и сигурно ќе бидат интересни за навивачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО