Џошуа го зема Такам за спаринг партнер

Карлос Такам очигледно направи одлична работа во мечот со Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) во Велика Британија.

Колку му пораснал угледот сведочи и тоа дека е во преговори со Дерек Чисоро на Островот, а колку го цени покажа и самиот светски шампион повикувајќи го Камерунецот за спаринг партнер за претстојната голема борба.

28-годишниот Британец кој ги држи појасите на ВБА, ИБФ и ИБО, се подготвува за обединување на титулите со ВБО шампионот Џозеф Паркер (24-0, 18 КО) на 31 март во Кардиф, каде и што го победи Такам со прекин во 10-тата рунда во тежок меч во октомври минатата година.

„ЕЏ не сака да спарира некој кој не е светска класа. Тој сака некој кој ќе му пружи отпор. Причината поради која да го донесе Такам во кампот е таа што го смета за борец од светска класа. Ова е комплимент, а не навреда“, рече промоторот на Џошуа Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО