Тајсон Фјури: Усик е повисок од Мајк Тајсон, а го нарекуваат „малиот мустак“

Светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, зборува за физичките димензии на Украинецот Александaр Усик.

Многу луѓе зборуваат за тоа дека Усик е премногу мал за тешка категорија. „Ромскиот крал“ не се согласува. Фјури рече дека ѕвездата од Украина е повисока од многумина од тешкашите, но сепак се шпекулира дека е мал.

Во реалноста, Усик е повисок од легендата Мајк Тајсон, кој е меѓу великаните на оваа категорија. Александар е поголем и од Мухамед Али, а Фјури не заборави да го истакне тоа.

„Тој веќе претепа голем тип, Ентони Џошуа, кој е висок 2 метри. Не сум многу повисок од него. Патував низ целиот свет за да најдам противник кој ќе ме порази, но никогаш не најдов.

Веќе 14 години. Висината на Усик е околу 1,90 см. Тој е прилично големо момче, многу поголем од Мухамед Али во негово време.

Повисок е и од Ивандер Холифилд, од Мајк Тајсон, од Џо Фрејзер и Кен Нортон. Веројатно е со иста големина како и „големиот“ Џорџ Форман.

Порано сите велеа „голем“ Џорџ Форман, а сега велат „ситни, ситни“ мустаќи, иако има иста тежина и големина“, изјави Фјури, пренсува Спорт.

Фјури и Усик се соочија на почетокот на овој месец. Нивната борба се очекува да се одржи во 2023 година. За прв пат по повеќе од 20 години ќе има неприкосновен шампион во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО