Дастин Пориер излезе од болница со патерици

Дастин Пориер на социјалните мрежи сподели фотографија дека веќе ја напуштил болницата.

Двократниот предизвикувач за титулата во лесна категорија на УФЦ се зарази со стафилокока и беше хоспитализиран на 5-ти декември. Отпрвин неговото тело не реагираше на лековите, но подоцна работите се вратија во нормала.

Дастин сега е надвор од болница, но некое време ќе биде на патерици.

„Од болницата парво на училишна игра, за да го видам моето мало ангелче!“, напиша Пориер.

Да се ​​надеваме дека најлошото е зад Пориер. Дастин последен пат се бореше во ноември и го победи Мајкл Чендлер со завршница. Пориер се врати на победничките патеки и заработи бонус бидејќи борбата беше избрана за борба на вечерта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dustin Poirier (@dustinpoirier)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО