Тајсон Фјури: Средбата меѓу мене и Џошуа ќе биде најголема во историјата на британскиот бокс

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, кој пред неколку дена се бореше нерешено со носителот на титулата на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, смета дека Американецот ќе се обиде да ја избегне реванш средбата со него.

Сега Тајсон сака да се бори против светскиот шампион на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО Ентони Џошуа.

„Имам чудно чувство дека Вајлдер ќе стори сé за да не има реванш со мене. Јас станувам се подобар, подобар и подобар. Можам да ги победам сите во категоријата. Мораме да и ја дадеме на Велика Британија најголемата битка во британскиот бокс, јас против Џошуа. Ајде да ја организираме оваа борба. Земјата го сака тоа. Ја сакам оваа борба, сите ја сакаат. Единствените луѓе, кои се против тоа, се чини е тимот на Џошуа“, рече Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО