Тајсон Фјури: Сакам да бидам император на Северна Англија

Тајсон Фјури не е заинтересиран да добие признание на витез, но има око на малку поинаква титула.

34-годишниот шампион на ВБЦ во тешка категорија двапати го бранеше појасот во 2022 година. Ги победи Дилиен Вајт и Дерек Чисора. Неговиот професионален скор е 33 победи, 1 нерешен и 0 порази.

По TKO над Чисора во 10-та рунда претходно овој месец, поранешниот англиски напаѓач Вејн Руни повика Фјури да биде прогласен за витез. Но, Ромскиот крал не го интересира оваа чест.

Тајсон би сакал кралот Чарлс да го прогласи „Император на Северна Англија“.

„Сер Мо Фара, Сер Стив Редгрејв, Сер Луис Хамилтон, Сер Енди Мареј. Па, ако сите овие луѓе имаат таква титула, тогаш би сакал нешто што никој друг го нема, особено спортист.

Јас сум нормален тип, но имам ограничено издание, па би сакал нешто поинакво. Можеби кралот Чарлс може да ме направи император на Северна Англија“, изјави Фјури за Телеграф.

Се очекува Фјури да се соочи со Александар Усик за неприкосновената титула во првите четири месеци од 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО