Најуспешна година на Вардар 1961 во поновата историја

Боречки клуб Вардар 1961 ја има една од најуспешните години во поновата историја. Во овој успех посебно се издвојуваат девојките на кои им припадна првото место.

Могамедгаџи Нуров го освои седмото место на Светското првенство во Белград, Србија.

Марија Спирковска е седма на на ЕП во У-20, додека Марија Неделковска го освои петтото место на Балканијадата во У-20 и 12-тото на ЕП У-17, а Кристијан Славески во У-17 исто така се пласира на петтото место.

Од таборот на Вардар 1961 се надеваат со засилувањата кои ги добија во преодниот рок на уште поголеми резултати.

„Благодарност до управата на нашиот клуб, тренери, родители, спонзори, пријатели, подржувачи, а најмногу на нашите борачи, пред се девојките, кои се искачија на врвот на македонското борење и заслужено им припаѓа првото место. Ви посакуваме среќна Нова 2023 година на сите љубители на борењето и спортот“, истакнуваат од клубот.

Да потсетиме дека клубот настапуваше како Вардар, но по админситравните промени речиси сите борачи поминаа во новорегистрираниот клуб Вардар 1961.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО