Тајсон Фјури откри колку силно удира Френсис Нгану (ФОТО)

За ударот со кој Френсис Нгану го нокаутира Тајсон Фјури во третата рунда од нивната неодамнешна боксерска пресметка во Саудиска Арабија ќе се зборува уште некое време.

Иако Камерунецот на крајот загуби од Кралот на Ромите, неговото боксерско деби ќе остане запаметено по застрашувачкото лево кроше кое го доведе шампионот на ВБЦ во нокдаун.

Многумина веруваа дека Фјури ќе има лесна задача против Нгану, но лицето на Тајсон по десет рунди беше доказ дека имаше исклучително тешка ноќ, а заработи и модринка на левото око.

Британскиот тешкаш во текот на својата кариера боксираше против големи нокаутери како Дионтеј Вајлдер и Владимир Кличко и добро ја знае моќта на нивните удари.

Во едно неодамнешно интервју Фјури изјави дека всушност не ги чувствувал силните удари на Нгану без оглед на модринките на неговото лице.

„Удира силно, таков беше и крошето во задниот дел од главата за нокдаун во третата рунда. Но, тој навистина не ме погоди со многу поголема моќ“, изјави Тајсон Фјури.

А Фјури може да зборува сè што сака за тоа дали ја почувствувал силата на Нгану или не, но неговото лице по мечот кажува се.

Кралот на Ромите сигурно ги чувствува последиците од мечот, бидејќи неговата борба за апсолутен шампион против Александар Усик која требаше да се одржи на 23 декември, беше одложена за февруари или март следната година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО