Познатиот коментатор на УФЦ не е изненаден што е откажан мечот меѓу Џонс и Миочиќ

Американскиот борец со хрватски корени, Стипе Миочиќ, требаше да се врати во октагонот следниот викенд, по пауза од повеќе од две и пол години.

Но, неговото појавување на настанот УФЦ 295 во Њујорк пропадна откако шампионот во тешка категорија Џон Џонс мораше да ја откаже борбата поради повреда.

За време на тренингот Буонс ја повреди тетивата која го држи пекторалниот мускул, па заврши на операција, а закрепнувањето ќе трае најмалку една година.

Познатиот коментатор на УФЦ, Јон Аник, не е изненаден што е откажан мечот меѓу Џонс и Миочиќ.

„Беше амбициозно да се надеваме дека Џон Џонс повторно ќе настапи во декември по долга пауза, а потоа и настап на настанот УФЦ 285 во март. Затоа и не ме изненади премногу“, изјави Јон Аник и додаде:

„Џонс сериозно ја сфаќа борбата за појасот. Никој нема освоено толку титули како Џон Џонс, но се прашувам дали таа повреда можеше да се спречи. Секоја минута што можеше ја поминуваше во теретана, што мислам дека не мора да е на пат кон успехот. Мислам дека можеше да се очекува дека оваа борба нема да се случи“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО