Тајсон Фјури го пронајде Сефер Сефери од Македонија за повртаничкиот меч

Иако не е официјално објавено, Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) пронајде противник за повратничкиот меч на 9 јуни во Манчестер.

29-годишниот Британец во приот меч по повеќе од две и пол години пауза ќе се бори со Сефер Сефери (23-1, 21 КО).

Веста за Косово бокс е потврдена од застапникот на браќата на Сефери Егзон Азизи.

Сефери е 39-годишен Албанец роден во Македонија, а живее во Швајцарија.

Од 23 победи 21 се со прекин, а единствениот пораз го доживеа од актуелниот регуларен ВБА шампион Мануел Чар во тешка категорија со едногласна одлука на судиите во септември 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО