АктуелноБоксПрофесионален

Тајсон Фјури го објави следниот меч

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе се врати на рингот на 24 јули кога ќе се соочи со Полјакот Мариуш Вах во Патаја, Тајланд.

Борбата се смета за подготовка за очекуваната мега борба со Ентони Џошуа, која според најновите извештаи треба да се одржи подоцна оваа година.

Само еден ден по борбата на Фјури, на 25 јули, Џошуа исто така ќе стапне на рингот. Британецот ќе се соочи со Кристијан Пренга во Саудиска Арабија.

Фјури објави на социјалните мрежи дека сите приходи од продажбата на билети за гала вечерта во Тајланд ќе бидат донирани во добротворни цели. Покрај тоа, тој ќе ја добие првата хуманитарна титула од Светскиот боксерски совет (VBC) за неговата општествено корисна работа.

46-годишниот Мариуш Вах е добро познато име во тешката категорија. Полјакот има 39 победи и 13 порази во професионалниот ринг, од кои 20 победи ги остварил со нокаут.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON