АктуелноБоксПрофесионален

ИБФ нареди: Френк Санчез и Мозес Итаума ќе се борат за светската титула

Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) официјално им наложи на Френк Санчез и Мозес Итаума да се соочат за испразнетата светска титула во тешка категорија.

Појасот остана празен откако Александар Усик ги ослободи титулите на ВБА, ВБЦ, ИБФ и ИБО за да се фокусира на последните борби во кариерата.

Сепак, пред да може да стигне до борбата за светската титула, Итаума има уште една голема пречка. На 29 август британскиот талент треба да се соочи со Хрватот Филип Херговиќ во борба која веќе е официјално закажана.

33-годишниот Френк Санчез има импресивна статистика на професионалниот ринг – 26 победи во 27 натпревари, а 19 од неговите победи доаѓаат со нокаут.

Само 21-годишниот Мозес Итаума продолжува да импресионира со својот развој. Британецот е непоразен со 14 победи, од кои 12 се постигнати пред последниот удар во гонгот, а многумина го дефинираат како иднината на тешката категорија.

Сè уште не е јасно дали евентуалната борба за титулата ќе се одржи веднаш по борбата на Итаума со Хрговиќ или ИБФ ќе направи измени во распоредот во зависност од исходот од овој судир.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON