Тајсон Фјури: Допингот треба да се легализира

fjuri gard

Предизвикувачот за светската титула во тешка категорија, Тајсон Фјури, изјави дека боксот има сериозен проблем со допингот и дека единствениот начин за борба со забранетите супстанци е нивната легализација во сите спортови. Фјури ќе излезе на сердба со Украинецот Владимир Кличко на 28 ноември во Дизелдорф (Германија).

„Со еден поглед можам да проценам кога еден спортист е допингуван. Боксот има голем проблем со допингот. Зошто не го легализираат допингот во спортот, тогаш сè би било фер. Немој да ми кажете дека тие спортисти не земаат допинг, кога нивните тела изгледаат како на грчки богови. Може да тренираш 100 години и телото никогаш нема да ти изгледа така, освен ако не земаш забранети супстанци“, рече Тајсон Фюри за БиБиСи..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО