Тајсон Фјури до Нгану: Ќе те нокаутирам со испиени 15 литри пиво

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури (33-0) одговори на уште еден предизвик од Френсис Нгану (17-3). На социјалните мрежи Нгану го повика Фјури конечно да се одлучи и да влезе во рингот против него. Ова е дефинитивно една од најпрофитабилните борби што Камерунецот може да ги направи во својата кариера.

Пред една година Фјури му вети на Нгану дека ќе се борат, но за жал тоа не се случи. Тајсон очигледно нема намера да се бори со Нгану кој неодамна потпиша договор со ММА лигата ПФЛ. Овој договор му овозможува на Френсис да боксirа, а тој планира да дебитира во бокс оваа година.

„Ромскиот крал“ не бил импресиониран од Френсис и рекол дека може да го нокаутира пијан.

„Можам да испијам 15 литри пиво и сепак да те нокаутирам ти ебан клошару“, напиша Фјури на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО