Тајмс: Браќата Кличко се на црниот список на Путин

Владимир и Витали Кличко се на црната листа на Владимир Путин, која вклучува 23 имиња кои мора да бидат елиминирани во рускиот напад на Украина.

Една од главните цели на руската армија е Киев – градот чиј градоначалник е поранешниот боксер и светски шампион Витали, кој оваа функција ја извршува од 2014 година.

„Тајмс“ објави дека 400 исклучително добро обучени руски платеници биле испратени во главниот град на Украина за да убијат 23 лица, меѓу кои и претседателот Владимир Зеленски.

Украинскиот претседател е главната цел на платениците, некои луѓе пристигнаа со лет од Африка пред еден месец и се мотивирани од многу значителни суми, пишува Тајмс.

Изданието исто така тврди дека на оваа листа се и браќата Кличко.

Владимир и Витали ја искористија својата популарност за да ги поттикнат другите земји да ја поддржат Украина во одбраната од Русија и да се приклучат на одбраната на Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО