Каин Веласкез е обвинет за обид за убиство

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез е обвинет за обид за убиство, пишува ТМЗ. Веласкез бил вклучен во инцидент кој завршил со пукање.

Инцидент во кој едно лице е повредено и е надвор од животна опасност се случило во калифорнискиот град Морган Хил.

Полицијата го уапсила осомничениот Каин и го задржала во притвор. Официјалните детали од истрагата се уште не се познати, а Веласкез треба да се појави пред судија во среда.

Полицијата во Сан Хозе само потврди дека во инцидентот учествувале две лица, едното е приведено, а другото повредено. Пукањето во Морган Хил било пријавено во понеделникот нешто по 15 часот.

Каин Веласкез е поранешен борец на УФЦ кој ја имаше својата последна ММА борба во 2019 година кога загуби од Френсис Нгану. Камерунецот го нокаутира за само 26 секунди.

Сега е професионален борач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО