„Тајм“ ќе издаде вонреден број посеветен на легендата Мухамед Али

Muhamed ali so zeni vo pozadina

Авторитетното американско списание „Тајм“ ќе пушти во продажба вонредно издание, кое ќе биде посветено на легендата на професионалниот бокс Мохамед Али, а насловната страница ќе биде со негова слика. Бројот ќе биде во продажба од утре, соопштија издавачите.

„Лицето на Мухамед Али, кој ќе се појави на насловната на „Тајм“, е посвета за паметење на легендата. Таа е од 1963 година и е напарвена од Филип Халсман, еден од најпознатите плодни фотографи на 20 век, се вели во соопштението на редакцијата на Тајм.

На сликата е самиот Али, кој е на бела позадина и боксирна директно против објективот. Ќе има и текст кој гласи: „Големиот. Мохамед Али. 1942-2016“. Честа да бидат на наслованта на Тајм ја имаат само најголемите личности- влијателни политичари, спортисти, ѕвезди на шоубизнисот, општественици. Али уште додека беше жив четири пати се најде на насловната страница, за прв пат во 1963 година, кога се уште го носеше името Касиус Клеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО