Таиџи Казе ја доби заслужената почит на македонските карате мајстори (ФОТО)

Таиџи Казе (1929-2004 г.) и годинава на 24 ноември ја доби заслужената почит во Македонија, 13 години по неговата смрта. Човекот кој многу го задолжи македонското  карате, бидејќи во нашата земја доаѓа уште во 1973/74 година и ја пренесува јапонската вештина на макеоднските каратисти, а еден од неговите асистенти беше Мирче Опеловски.

По тој повод, како и многу пати досега, се одржа Меморијален тренинг во чест на Таиџи Казе во организација на Шотокан Казе ха академијата и сенсеи Живко Тасевски – мајсторски појас 8 дан. На едно место вежбаа 180 каратисти од 10 клуба од Македонија и Србија.

„Човекот што ни остави најмногу во каратето, за да може да работиме и да работат нашите следбеници“, вели Тасевски.

 

На овој тренинг учествуваа карате мајсторите Атанас Филиповски, Оливер Милорадовски, Петре Ристевски, Гоце Андриевски, Томислав Ивановски, Илија Ѓоревски, Милорад Маниќ, Предраг Костиќ и Зоран Пујовиќ од Дубочица Казе ха Србија, како и легендата на македонското карате Јорго Огненовски.

„Се вежбаа техники специфични за Казе ха стилот, како со отворена рака, хенте техники и се она што е поврзано со Казе ха стилот. Исто така, за прв пат беше кажано дека Фунакоши Јошитака (1945 г) и Таиџи Казе (2004 г.) се починати на ист датум – 24 ноември. Салата беше исполнета со позитивна енергија, а расположението кај учесиниците на тренингот беше на високо ниво и сите беа презадоволни од она што го деомнстрирав“, истакнува Тасевски.

На учесниците и се доделени сертификати на Меморијалниот тренинг во чест на Казе, а на свечената вечера на младите мајстори исто така и се доделени сертификлатите.

Од Шотокан Казе ха академијата изразуваат благодарност до сите учесници за изразената почит кон Казе и се надеваат дека идната година ќе бидат уште побројни.

 „Важно е да се направи напредок, секој со сопствено темпо, и за себе, а не за другите. Познато е дека ништо не е дефинитивно стекнато и никогаш не треба да изгубиме ниту понизност, ниту трпение“, е една од мислите на Таиџи Казе, носител на 10 дан мајсторски појас.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО