Пинк Пантер – Лозница со спектакуларен настап во Штип и Сесвете – Радник одлучуваат за титулата во РБЛ

Екипата на Пинк Пантер мечот со Лозница од 7.коло на Регионалната боксерска лига ќе го одржи во сабота на 2 декември наместо во недела, како што беше предвидено.

Преместувањето е поради презакажувањето на 5.коло од Првата и Младинската лига во бокс на Македонија.

Сепак, ова ќе биде спектакуларен меч по својата поставеност, бидејќи ќе се одржи во хотелот Ваго под шатор, како на сите големи манифестации во светот на боксот, со маси, посебно светло и можност за уживање. Ваков издание Пинк Пантер приреди на средбата со Славија од Бања Лука во комплексот на Канал 77 под отворено небо.

Средбата започнува во 19 часот, а мерењето е во 12 часот.

Оваа средба и дербито меѓу Сесвете и Радник одлучуваат за првиот шампион на РБЛ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО