Ирската полиција ја потврди вмешаноста на Мек Грегор во вчерашниот инцидент, удрил припадник на картел

Се појавуваат се повеќе и повеќе информации за новиот инцидент на Конор Мек Грегор што се случи минатиот викенд во паб во Даблин. Така излезе официјален полициски извештај од кој може да се заклучи дека инцидентот навистина е дело на најпопуларниот борец на ММА.

Ве потсетуваме дека вчера на социјалните мрежи се појавија објави на разни луѓе кои сведочеле за инцидентот во пабот, кој го предизвикал Конор Мек Грегор. Сите споменуваа дека спортската ѕвезда ударил постара личност која со ништо не го предизвикала. Ирската полиција, популарно наречена „Гардаи“, собрала информации за тоа што се случило, но не реагирала повеќе од тоа. Сепак, дадоа официјален известување.

„Многу добро познатиот ирски селебрити нападнала близок соработник на следбеник на Кикнхан картелот, внатре во пабот во јужниот дел на Даблин. Убиениот човек е на возраст од 50 години, инаку поврзан со осудениот дилер Грахам „Виг“ Велан.

Гардаи се свесни за инцидентот што се случил во доцните недлени часови, но не е примена никаква тужба. Колку што сме запзнаени, спортската ѕвезда се обидела да нападне младо момче во пабот, кога соработникот на Велан скокнал со намера да интервенира, по што два пати е ударен во лицето. Станува збор за личност опишана како некој кој е сосема невин во оваа ситуација и за лице кое обично не се занимава со криминални активности.

Исто така, има информации дека напаѓачот ударил уште една млада личност во главата за време на конфликтот. Набргу по инцидентот, таа личност е извадена од пабот и оддалечена од местото на случувањето.

Гардаи имаат информации што се случило, но нема истрага за тоа, бидејќи не е поднесена ниту една пријава. Повреденото лице, вработените во пабот, ниту сопствениците на пабот, не поднеле никаков извештај или тужба, ниту дадле какви било изјави за тоа што се случило.

Гардаи веруваат дека инцидентот е поврзан со уште еден друг напад кој го направи спортски ѕвезда претодно овој месец.

Од сето ова може да се заклучи дека Конор Мек Грегор навистина е личноста која во  оваа приказна е напаѓачот, што е само нов во серијата инциденти на ирската ММА ѕвезда Што се однесува до споменатите лица, Кинахан картел е најголемиот ирски картел, предводен од 60-годишниот Кристи Кинахан, обвинет дилер, за кого се верува дека живее во Дубаи. Се проценува дека неговото богатство е една милијарда долари. Инаку неговите синови се боксерски промотори.

Се чини дека Конор Мек Грегор тоне се подлабоко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО