Таеквондо тигарчињата на Тигар зграпчија 6 медали на „Софија куп 2019“

Помладите тигри од „Тигар“ освоија 6 медали – 2 златни, 3 сребрени и 1 бронзен на Меѓуанродниот таеквондо турнир „Софија куп 2019“, на кој настапија близу 500 натпреварувачи од 8 земји.

 Медалите ги освоија:

1.Максим Блажевски пионери – 27 кг бронзен

2.Јана Блажевска пионерки – 33 кг сребрен

3.Ивона Блажевска пионерки – 36 кг златен

4.Драган Петковски пионери -36 кг златен

5.Давид Божиновски пионери -36 кг сребрен

6.Александра Крстиќ јуниорки -63 кг сребрен

7.Виктор Петковски кадети -49кг без медал

„Драган Петковски и Давид Божиновски во нивната категорија – 36 кг пионери беа доминантни над своите противници и со по две победи се сретнаа за клупско финале. Александра Крстиќ поради плус 1 кг на мерењето не успеа да влезе во својата -55 кг јуниорки А класа категорија и се бореше во две повисоки категории до -63кг. Успеа да ја победи првата противничка, а во финалето храбро се бореше со далеку повисоката противничка.  Виктор Петковски уште во првото коло ги одмери силите со бугарскиот репрезентативец и учесник на светско првенство, но не успеа да се избори за медал.

Силна мотивација за малите девојки од нашиот клуб беше присуството на нивниот идол нашата најуспешна јуниорка Мила Рељиќ, која беше помошник тренер и ги водеше во борба нашите две мали пионерки“, вели тренерот Александар Ефтимов кој е многу задоволен од подмладокот на својот клуб и најавува уште поголеми успеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО