Дончевски до таеквондо репрезентацијата за ЕП: Борете се како Гоце, Јане, Питу…!(ФОТО)

taekvondo reprezen vo ASM pred EP

Вечерва македонската таеквондо репрезентација ќе отпатува на Европското кадетско првенство во Букурешт, Романија, под водтсво на претседателот Борче Костовски.

Стручниот тим на Македонската таекводо федерација (МТФ) за ова првенство кое се одржува од 7 до 11 септември ги одбра:

1.Кирил Цоњков -57 кг, ТК Гоце Делчев
2.Ива Поповска -47 кг, ТК Борец
3.Ања Пејиќ +59 кг, ТК Тигри
4.Иво Сандев -41 кг, ТК Делини
5.Марко Аврамовски -49 кг,ТК Бутел
6.Филип Стаменов -45 кг, ТК Бутел

На ЕП во Романија ќе има силна конкуренција. Инаку денеска репрезентативците има прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој им посака успех.

Од друга страна, случајно младите таеквондисти се сретнаа со леѓенадата на македонскиот фудбал Андон Донечевски кој на нему својствен начин и даде поддршка за ЕП: „Борете се како Јане, Гоце, Питу, како сите оние кои дадоа се за Македонија“!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО