Официјално: Рико Верховен и Бадр Хари на 10 декември

riko Verhoven badr Hari

Дуелот меѓу Рико Верховен и Бадр хари е долго очекуваниот кик бокс настан во последните неколку години, а средбата има и официјален датум и локација.

Супер шоуто ќе се одржи на 10 декември во германскиот град Оберхаузен во салата Кониг пилсенер арена.

Извршниот директор на Глори, Џон Џ. Френклин, изрази задоволство за овој меч и се огласија со официјално соопштение до медиумите.

„Возбудени сме да и го понудиме овој меч на навивачите. Тој е единствениот кој сакаа да го видат. Ние исто така го сакавме, како и Рико и Бадр. Следните неколку месеци ќе бидат напорни за сите кои учествуваат во тоа“.

Рико Верховен има забележано десет победи во рингот на Глори, а успеа и да ја одбрани титулата во четири последователни меча, откако славеше против Даниел гита во 2014 година.

Бадр Хари во реваншот го победи Исмаел Лондт со технички нокаут на последната средба во Грозни, Русија. Хари е поранешен шампион на K-1 и It’s Showtime, а покрај честите проблеми кои ги има надвор од рингот, тој се уште се смета за еден од најдобрите борци на планетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО