Таеквондо репрезентацијата во АСМ вети нови успеси (ФОТО)

taekvondo-reprezentativcite-vo-asm-po-bp-2016

Таеквондо репрезентацијата по историскиот успех на Балканското првенство во Дупница, Бугарија, со освојувањето на вкупно 13 медали,  од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција, денеска имаа приме кај директорот на Агенцијата за млади и спорт (АСМ).

spaseski-so-taekvnodno-rep-po-bp-2016
Диркеторот Спасески и Дарко Костов од Таеквондо федерацијата на Македонија консттаираа дека со овој настап и резултат, повеќе од сигурно, се подигна нивото на македонското таеквондо, затоа што е запишано на листата на земји кои освоиле балкански сениорски медали.

Марко Стевиќ стана балкански шампион во категоријата -87 килограми, додека Костадин Георгиевски стигна до бронзениот медал. Златни медали освоија Дејан Георгиевски во јунирска конкренција, Филип Додевски јуниор и Дебора Брнчаревиќ – пионери. Сребрен медал освои Филип Стаменов во кадетска, а со бронзени медали се закитија: Сара Раевска, Ива Сандева, Ања Русовска, Фросина Раевска, Ненад Мрцковски, Јована Јанковска и Марко Аврамовски.
На средбата со репрезентативците беше нагласено дека резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци.

spaseski-so-site-od-taekvondo-po-bp-2016
„Овие резултати се ветувачки и јас искрено очекувам и добри настапи и на престојните европски и светски првенства во кадетска и јуниорска конкуренција.
Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма, односно за настапите на нашите репрезентативци на меѓународните натпреварувања и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 40.000 денари.
Ја користам оваа прилика уште еднаш да им честитам на репрезентативците за големиот успех и им порачувам да продолжат со вакви настапи и да ја радуваат македонската спортска јавност“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Следува големиот Г-1 турнир „Галеб“ во Белград, кој според бројот и квалитетот на учесниците ќе има тежина на мундијалски настан, и истовремено ќе биде последна проверка за настап на нашите претставници за претстојниот светски јуниорски таеквандо собир најавен за ноември во Канада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО