ЏК Дрим успешен и во Рожае и во Прилеп (ФОТО)

drim-vo-prilep-2016

Џудо клубот Дрим од Струга оствари забележителни резултати на двата меѓународни турнири во Рожае, Црна Гора и во Прилеп.

drim-deca-borba-2016-prilep

Во Рожае со тројца натпреварувачи освоија два златни медали: Дорјан Петкоски и Анамарија Стојмиловска .

На турнирот „Прилеп опен 2016“ ЏК Дрим настапи со 13 натпреварувачи и освои 12 медали – 9 златни, 1 сребрен и 2 бронзи,

Златни медали освоија: Андреј Симоноски, Христијан Глигороски, Берин Шабоски, Елхам Весели, Дорјан Петкоски, Анамарија Стојмиловска, Стефан Попоски, Никола Ончев и Андреј Јовчески.

Сребрен медал: Вилијан Павлоиќ.

Бронзени медали за: Андреј Цакаровски и Марио Нелоски.

drim-deca-vo-rozaje-2016

„Со ова уште еднаш покажавме дека Џудо клубот Дрим е носечки клуб во џудото во Македонија и клуб со најмногу просперитет за спортистите“, велат од клубот.

Наредниот викенд Дрим ќе настапи на меѓународен турнир во Мостар – Босна и Херцеговина, каде што вообичаено учество земаат повеќе од 1.200 натпреварувачи од 100 клубови и од 27 земји.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО