Свири мајсторе на увце за Виктор и Адил (ФОТО)

Viktor Krstevski i Adil Mehmed

Свири мајсторе на увце!

„Металурзите“ Виктор Крстевски и Адил Мехмед синоќа се опуштија во звукот на трубите на дувачкиот фестивал во Пехчево. Како добар домаќин Адил реши да го прошета Виктор во брегалничкиот дел на Македонија и не зажалија. Дувачките оркетстри на Џамбо Агушев и на Саша Ковачевиќ и одржаа неколкучасовен тренинг во играње, зачината со убава придружба.

Но, тоа не е се, имаат и шема во Кочани, а навечер во летната дискотека „Аква“ се главни фаци.

Добро му оди рехабилитацијата на Виктор по операцијата на рамото, а ако му треба некоја помош, покрај нив секогаш има убави девојки. Од друга страна, Адил сака да го искористи секој момент за дружба, затоа што од септември заминува на студирање во Лондон.

Виктор и Адил ветуваат и нови карате успеси!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО