Костовска и Белистојаноски ги почнуваат натпреварите на Крате 1 Премиер лигата во Мароко

Денес во Рабат, Мароко, се одржува четвртата и последна Карате 1 Премиер лига за сезоната 2025/2026, најпрестижното натпреварување во светското карате, на кое настапуваат само најдобрите 32 каратисти во светот во своите категории.
По турнирите во Истанбул, Рим и Лешан, светскиот карате крем ќе се собере во Рабат на големото финале на сезоната, каде што покрај медалите и вредните ранкинг поени, од кои зависат пласманите за Светското првенство и Европските игри, ќе се решава и прашањето кој ќе ја понесе престижната титула „Голем Победник“ во својата категорија.
Македонските претставници Вероника Костовска и Матеј Белистојаноски ги добија противниците. Очекуваме добар настап на нашите каратисти.
Премиер лига:
61 кг група 5
Вероника Костовска – Барбара Хуакиман (Чиле)
Вероника Костовска – Дуа Раби (Германија)
Вероника Костовска – Емина Шиповиќ (Босна и Херцеговина)
67 кг
Матеј Белистојаноски – Петрос Карпас (Грција)
Матеј Белистојаноски – Алвисе Тониоло (Италија)
Матеј Белистојаноски – Доминик Жиуда (Полска)



