Светското првенство во олимпиското таеквондо се одложува

Светското првенство во олимпиското таеквондо, предвидено да се одржи наесен во Кина, ќе се одложи на неодредено време.

Одлуката ја донесе Советот на Светската таеквондо федерација.

Настанот е закажан за 12-18 октомври во Вукси, Кина, но најверојатно ќе биде преместен во 2022 година.

Причината за промената на планот е состојбата со пандемијата во Кина. Локалните власти за ова ги советуваа организаторите на настанот. Во спротивно, натпреварувачите требаше да бидат ставени во карантин неколку недели или воопшто да не бида пуштени во земјата.

Ова е второ одложување на Светското првенство. Првично беше закажано за мај, но беше презакажано неколку месеци подоцна заради претстојните Олимписки игри во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО