Конор Мек Грегор стравува да се бори со Пориер

Поранешниот шампион на УФЦ во две категории Конор Мек Грегор нема желба да се бори на партер со Дастин Пориер во претстојната борба. Ирската ѕвезда го покажа тоа со порака до идниот ривал.

„Првиот што се обиде да го донесе мечот на паретр беше малата кучка“, твитна Ирецот, користејќи игра на зборови кон Пориер.

Сепак, некои навивачи побрзаа да го потсетат Мек Грегор дека тој прв го направил тоа на средбите со Макс Холовеј и Нејт Дијаз. Сепак, познат е фактот дека борењето е слабост на Ирецот и дека претпочита стенд-ап борба.

Досега Конор и Пориер имаат два меча меѓу себе и по една победа. Во втората битка, која се одржа во јануари годинава во Абу Даби, Пориер направи успешен соборување во почетните пет минути, но потоа ја смени тактиката и удираше во нозете, нокаутирајќи го Мек Грегор во втората рунда.

Третата борба меѓу нив ќе го предводи УФЦ 264 во Лас Вегас на 10 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО