Светските првенства во бокс нема да бидат олимписки квалификации

Светското првенство за мажи и жени под покровителство на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) нема да биде квалификациско натпреварување за Олимписките игри во Париз, јави ТАСС од прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Претходно ИБА објави дека Светското првенство во 2023 година ќе биде главното квалификациско натпреварување за претстојните Олимписки игри.

„Како што најави МОК во јуни 2022 година, ИБА нема да учествува на квалификацискиот и олимпискиот боксерски турнир за Париз 2024 година“, се вели во соопштението и се додава:

„Единствената актуелна квалификација е системот одобрен од Извршниот одбор на МОК во септември 2022 година, објавен и дистрибуиран до Националните олимписки комитети и Националните боксерски федерации на 6 декември минатата година“.

МОК бара реформи од Меѓународната боксерска федерација, но голем број барања се уште остануваат неисполнети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО