Светско првенство карате-Џакарта: Посни настапи на нашите репрезентативци!

Sevtsko prvenstvo Dzakarta

Првите настапи на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори 21 се посни за македонските репрезентативци, извојувана е само една победа.

Karate reprezentacijata na SP na tribinite

Абдурахим Идризи старуваше со победа на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во кадетска конкуренција во кати против Томас Шмито од Данска со 5-0, но во второто коло беше поразен со 4-1 од Месфер Алсамари од Саудиска Арабија. Во конкуренција на јуниори до 21 година нашиот репрезентативец Фери Исиќ е поразен со минимален резултат од 3-2 во второто коло во кати од Шпанецот Антонио Гарсија Варгас. Камческа Киријана со 5-0 загуби од Србинката Јована Симиќ во кати за кадети.

Вјолца Гафури (-54 кг) во првото коло  е совладана од Бугарката Ивет Горанова со 3-0. Исто така и Емилија Јаниќ (+54 кг) претрепе пораз од 2-1од Кајра Сежџин од Турција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО