НЕВЕРОЈАТНО: УФЦ го суспендираше Кро Кап поради паѓање на допинг тест!

mirko_cro_cop_fili

УФЦ на официјалниот сајт откри шокантни вести за откажувањето на дуелот помеѓу Мирко Филиповиќ и Ентони Хамилтон. Бидејќи е Кро Кап пред два дена објави пензионирање поради повреда на рамото и ја информира јавноста во врска со откажувањето на натпреварот, се чекаше само на официјалното известување од страна на елитната промоција. Но, наместо тоа добивме шокантно откритие. Средбата меѓу Хамилтон и Филиповиќ во Кореја е откажана затоа што Кро Кап е суспендиран поради потенцијалниот пад на допинг тест. Суспензијата е изречена од страна на УСАДА (Американската анти-допинг агенција).

„УФЦ денес објавува дека закажаниот меч меѓу Мирко Кро Кап и Ентони Хамилтон во Сеул е откажан. УСАДА го информирала Мирко Филиповиќ и УФЦ дека го суспендирала поради можна злоупотреба на правилата на Анти-допинг агенција. УСАДА, е независно тело кое врши анти-допинг тестови исто исто така ќе ги објави резултатите и ќе ја одреди последиците во случаот на Кро Кап. Наскоро ќе бидат објавени дополнителни информации. Ентони Хамилтон многу брзо ќе добие меч на некој од другите настани“, се вели на веб-страницата на УФЦ.

Засега нема информации за какво точно кршење на анти-допинг протоколот се работи, кога е тестиран Филиповиќ и на што бил позитивен неговиот примерок. Исто така не е јасно кога е известен Кро Кап и пред два дена, кога ја објави пензионирање, дали беше свесен дека во секој случај нема да биде во можност да настапи во Кореја. Ова е прв случај да поради новата анти-допинг политика на УФЦ, а која ја спроведува со помош на УСАДА, да е суспендиран еден борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО