Гоце Јанески: Се надевам на победа и освојување на „Златниот гонг“!

Goce janeski najdobar na Mec na sampionite

Најмладиот учесник на Меѓународниот боксерски турнир„Златниот гонг“, Гоце Јанески (-75 кг), годинава имаше неколку настапи кои завршија во негова полза, а на двата домашни турнири во Скопје и Тетово беше подобар од Осман Демиров, што, за жал,нивна трета средба нема да видими, бидејќи Демиров ќе настапи еднакатегорија подолу во 69 килограми.

И двајцата се во составот на македонската репрезентација.

„Се надевам на победа и освојување на Златниот гонг. Противниците се повозрасни и поискусни од мене, но со мојата посветеност на боксот, како и тренинзите и големата желба за победа , Македонија ќе ја преставам во најдобро светло“,изјави младиот и талентиран боксер Гоце Јанески.

Борбите во неговата категорија ќе бидат исклучително силни, зашто доаѓаат репрезентативците на Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО