АктуелноКаратеОстанато

Светскиот карате судија Дејан Милошевски ги претставува новите ВКФ правила што стапуваат на сила од 1 јануари 2026 година

Како судија кој ги претставува САД на светската сцена, и член на судиската комисија на САД, сакам лично да ги споделам најновите промени во правилата на ВКФ, кои ќе важат од 1.1.2026 година

Тимот предводен од г-дин Гунар Нордал, претседател на ВКФ Рулс & ворлд ранкинг комисијата, неуморно работеше за да ги усоврши правилата со цел поголема фер игра, зачувување на традицијата и зголемена безбедност за сите учесници.

Ката – нов начин на оценување и почит кон традицијата

Најголемата промена е системот на оценување во ката. Победникот ќе се определува според бројот на гласови од судиите, а не по збир на поени.

Ова значи дека екстремни оценки од еден судија нема да го нарушат конечниот резултат, што ќе донесе многу поголема објективност и доследност.

Дополнително, театралноста и претерувањата во катата ќе бидат санкционирани. Мој совет до младите спортисти: чистата техника, стабилноста и фокусот секогаш се поважни од ефектни, но нетехнички движења.

Карате- ги (униформа) и опрема – повеќе стандарди

Карате униформата мора да ја зачува својата природна форма. Забранети се вештачки модификации, „ducktail“ ефекти или претерано обликување на предниот дел кај градите.

За сите со нарушен вид – диоптриски спортски очила сега се дозволени во ката. Тоа е големо олеснување и демонстрира грижа за сите спортисти.

Кумите – безбедноста на прво место

Најкритичната промена: удари со нога врз паднат противник се забранети. Дозволени се само удари со рака.

Дополнително, критериумот за заншин – внимание кон противникот по техниката ќе се спроведува строго. Ако се свртите или паднете по изведена техника – не очекувајте поен. Контролата и стабилноста повторно се клучни.

„Skin touch“ е дозволен во сите кумите категории, додека за младинците остануваат ограничувања на дистанцата. Шлемот е задолжителен и мора да се почитува.

Џогаи, видео ривју и нови формати на тимови

Новите правила го прават „џогаи“ повеќе дефиниран – нема двојно казнување ако постигнете поен и излезете надвор. Видео ривју процедурите се поедноставени, тренерот бира кое ниво на поен (1, 2, 3) сака да биде разгледан и судијата одлучува само за тоа ниво на поен. На овој начин многу се забрзуваат натпреварите.

ВКФ воведува и јасни насоки за мешани тимови во кумите, со еднаков број мажи и жени и редослед на борбите по пол.

Пара карате – прецизни правила за К10

За спортистите со оштетен вид, поместување на преврската кое го открива видното поле веќе води до дисквалификација. Критериумите за губење рамнотежа и падови се јасно дефинирани.

„Овие измени се внимателно изработени за подобри натпревари, зачувување на карате традицијата и зголемена безбедност. Новите правила ќе донесат поквалитетни, појасни и по фер натпревари. Во САД веќе спроведовме неколку семинари и состаноци, сега веќе закажуваме нови семинари во наредниот период за да бидеме подготвени за 2026.“

Пишува
Дејан Милошевски – светски карате судија

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON