Филип Блажевски освои бронзен медал на Европското таеквондо првенство до 21 година

Филип Блажевски во категоријата -80 кг со три победи освои бронзен медал на Европското таеквондо првенство до 21 година во Приштина, Косово.
Репрезентативецот во олимписко таеквондо од ТК Бутел во првата борба славеше над Александру Манита од Молдавија 2-0 во рунди (14-2/5-0), во втората против Украинецот Александар Јефимов 2-0 (14-4/13-1) и во третата борба за медал победа над Ајман Бари од Франција 2-1 (3-3/ 5-5/16-4).
Во четвртата борба беше поразен од Хрватот Оскар Ковачиќ 2-0, кој е светскиот шампион.

„Филип Блажевски е сериозна олимписка надеж“, велат од МТФ.
Вечерва беше под водство на помошник селекторот Иван Крстевски.
Резултати Европско првенство У-21:
-80 кг
Филип Блажевски – Александру Манита (Молдавија) 2-0 (14-2/5-0),
Филип Блажевски – Александар Јефимов (Украина) 2-0 (14-4/13-1)
Филип Блажевски – Ајман Бари (Франција) 2-1 (3-3/ 5-5/16-4).
Полуфинале
Филип Блажевски – Оскар Ковачиќ (Хрватска) 2-0.
-68 кг
Лука Ангелов – Јоеп ван Лимпт (Холандија) 0-2
Давид Цеков – Георгиот Циледакис (Грција) 0-2
-74 кг
Дарко Ѓоргиев – Бенјамин Хусиќ (Босна и Херцеговина) 0-2



