Суспендирана акредитацијата на рускиот ММА сојуз

Обвинителството на Русија утврди грубо кршење на безбедносните правила.

Ова е причината поради која руското Министерство за спорт ја суспендираше акредитацијата на рускиот ММА сојуз на чело со Федор Емелијаненко. Казната е во траење од три месеци. Соодветната уредба е објавена на веб-страницата на министерството.

Причина за суспензијата е смртта на тинејџер за време на ММА натпреварите во регионот Амур. На почетокот на јуни во градот Белогорск на Спортскиот клуб „Родина“ се одржа турнир во мешани боречки вештини. Во една од борбите 16-годишно момче пропушти силен удар во главата и падна на подот.

Судијата ја прекина борбата, по што лекарите безуспешно се обидоа да го спасат момчето. Фактот дека безбедносните правила беа прекршени за време на турнирот додаде негативен момент. За борците од оваа возрасна категорија задолжително е да носат специјални шлемови.

За жал, главниот судија, кој е и прв човек на регионалната организација, ја игнорираше оваа точка. Емелијаненко ја коментираше одлуката.

„Да, акредитацијата на рускиот ММА сојуз е суспендирана на три месеци.

Минатата недела испративме писмо до Министерството за спорт со барање да се разјасни зошто токму такви мерки се применети кон нашата организација“, изјави Емелијаненко.

Да се ​​надеваме дека по оваа казна во иднина нема да се прекршуваат безбедносните правила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО