Стипе Миочиќ ги почна подготовките за Џон Џонс

Стипе Миочиќ го започнува подготовките за пресметката со Џон Џонс.

41-годишната легенда за оваа борба се подготвува од март 2023 година. Џонс тогаш ја освои титулата во тешка категорија и веднаш го предизвика ветеранот. Миочиќ без двоумење прифати, а УФЦ ги договори да се борат во ноември 2023 година во Њујорк. За жал, Џонс го скина пекторалниот мускул, поради што борбата беше прекината. Во меѓувреме, Том Аспинал ја освои привремената титула.

Сепак, тоа не го трогна Џонс, кој продолжи да ја брка борбата со Миочиќ. Џонс неодамна изјави дека добил зелено светло да се врати на тренинзите. Тој веќе почна да тренира, а и Стипе не губеше време да се подготви. Се очекува УФЦ да закаже датум за борба за нив во ноември оваа година во Медисон сквер гарден, Њујорк.

Има големи шанси и двајцата да се повлечат од ММА по оваа борба. Стипе има скор од 20-4 во ММА, а полседната борба му беше во март 2021 година. Тогап беше нокаутиран од Френсис Нгану и ја загуби титулата. Во последните 6 години Стипе се бореше 2 пати со Нгану и 3 пати со Даниел Кормиер. Стипе и Нгану разменија по 1 победа.

Во борбите со Кормиер Миочиќ дозволи 2 порази и забележа 1 победа. Еве како Стип тренира за Џонс:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stipe Miocic (@stipemiocic)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО