Стефан Станоев загуби за полуфинале од Украиенцот Самедов на СП во самбо

Стефан Станоев (-88 кг) загуби во четвртфиналето од Украиенцот Тимур Самедов 0-8, односно со прекин, на Светското самбо првенство за помлади јуниори и јуниори во Солун, Грција.

Станоев ја имаше инцијативата, но по едно подигање многу наивно влезе во борбата, а тоа противникот го искотисти за исфрлање и поентирање 0-4, а во продоложението на оваа акција заработи уште четири поени 0-8, по што судијата ја прекина борбата. Во конкуренцијата за понлади јуниори преостанува настапот на Енес Реџиќ.

Претходно Станоев славеше против Грузиецот Николас Алшибаија.

Да потсетиме дека вчера Омар Факиќ извојува победа во првото коло на СП против Грузиецот Гиорги Чагилешвили во јуниорска конкуренција до 98 килограми. Но Факиќ не може да ги продолжи борбите, затоа што му обнови старата повреда, односно пред шест месеци лигаментот му беше опериран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО