Митровски: Очекувам злато од Ѓоргиев, медал од Илиоски, но и од другите

Селекторот на кик бокс репрезентацијата и претседател Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски – Урко е оптимист пред Севтското првенство во Италија и очекува златен медал од Димитар Ѓоргиев и медал од Бобан Илиоски. Тој вели дека и другите репрезентативци имаат потенцијал за медал, што, впрочем, го покажале тоа во овој периор пред СП.

„Сите се подготвени и минатите првенства ни беа одлучувачки за изборот на составот на борците кои ќе бидат дел од составот на нашата репрезентација.

Најмногу очекувам, и тоа злато, од трикратниот светски првак Димитар Ѓоргиев, кој е добар тактичар и искусен борец. Исто така и од Бобан Илиоски кој оваа сезона имаше супериорна доминација во сите борби, годинава е вистинско торнадо во рингот“, вели селекторот на репрезентацијата и додава:

„Но, не се за потценување и Филип Ризов, Роберт Костовски, Марко Тодоров, Викторија Варадинова, Стефан Михајловски и Климент Грозданоски, кои периодов наназад напорно тренираа и очекувам медал и добар пласман и од нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО