Претседателот на ВБЦ: Фјури има еден месец за да се договори со Усик

Маурицио Сулејман, кој е претседател на ВБЦ, е на мислење дека носителот на појасот – Тајсон Фјури треба да одмори по одбраната на титулата.

Потсетуваме, Тајсон Фјури го нокаутира Дионтеј Вајлдер во 11-тата рунда во главниот судир на настанот, кој беше трет меѓусебен меч. Средбата беше за титулата на ВБЦ во тешка категорија. Во нивните пресметки „Ромскиот крал“ води со две победи, а првиот меч заврши нерешено.

„Во моментов ќе му дозволиме на Фјури да се одмори. Не сакам да го преоптоварувам шампионот со обврски. Ќе почекаме неколку недели, бидејќи тоа беше многу посебен меч.

Му беше дадена можност да преговара за борба за обединување со Усик и има еден месец да го направи тоа. Ако не се случи тоа, тој ќе мора да направи задолжителна одбрана, но мислам дека е важно да го оставиме да се одмори, да слави и да ужива во победата“, изјави Сулејман за ДАЗН.

Александар Усик, пак, ги освои ИБФ, ВБА Супер, ВБО и ИБО појасите, победувајќи го поранешниот шампион Ентони Џошуа по чиста судиска одлука во негова корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО