Стефан Цубалевски положи за ИБА судија 2 ѕвезда

На Светскиот боксерски куп за младинци во Будва, Црна Гора, македоснкиот судија Стефан Цубалевски положи за ИБА судија 2 ѕвезда, за што деновиве доби сертификат.

Цубалевски со ова звање може да суди на сите првенства организирани од страна на Меѓународната боксерска федерација (ИБА), како и на Светските и Европските сениорски првенства.

„Ова звање, 2 ѕвезда, е второто највисоко звање во светот на боксот, а е највисоко звање во нашата држава. Благодарам на Националната федерација, посебно на претседателот Примислав Димовски и потпретседателот Фатон Салиху кои ми дадоа поддршка за овој испит кој траеше седум дена. Истиот се состои од полагање на писмен тест на англиски или руски јазик, за да се утврди познавањето на правилата и прописите на  боксерскиот спорт, а другиот дел е перформансот во рингот и вештините за бодувањето. Макотрпната работа се исплатеше овие години и моето искуство од преку 800 меча во рингот ја донесе потврдата за моите квалитети“, изјави Цубалевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО