Сребрени медали за Арсовски и Лимај на „Купот на Црна Гора“

Петар Арсовски (52 кг) и Леонард Лимај (50 кг) останаа со сребрени медали на „Купот на Црна Гора“ во Будва.  

Петар загуби на поени од Украинецот Артем Марчук 1-4. Исто така Леонард Лимај (50 кг), кој директно се пласира во финалето, е поразен со едногласна судиска одлука 0-5 од Љубосав Методиев од Бугарија.

„Нашите двајца боксери достоинствено се покажаа на силниот меѓународен турнир „Куп на Црна Гора“. Треба да сме задоволни и објективно да гледаме на борбата во која Лима одлично избоксува, меѓутоа искуството си го направи своето.

Вториот наш финалист, Петар Арсовски, од кого најмногу се очекуваше не успеа да го совлада предобриот Украинец. И престижниот веб-сајт на ЕУБЦ го вброи Петар меѓу фаворитите. Меѓутоа, тоа не е доволно кога боксуваш со противник од бившата советска школ, каде сите боксери се на висината на задачата 100 %“, вели тренерот Александар Арсовски.

Борбата на Лимај е на 44:00, а на Арсовски е на 56:15.

https://www.youtube.com/watch?v=yGAT0o6hQHU

На турнирот учествуваат боксери од 17 земји.

Покрај нашите боксери ќе настапат боксери од Украина, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Шведска, Литванија, САД, Белгија, Сиера Леоне, Грузија, Азербејџан, Палестина, Узбекистан и Црна Гора.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON