Вајлдер го потпиша договорот, а сега се чека истото да го направи и Фјури

Дионтеј Вајлдер потпиша договор за возвратен меч против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, кој треба да се одржи на 24 јули на стадионот „Алеџијант“ во Лас Вегас. Се очекува наскоро истото да го направи и Кралот на Ромите.

Кога на Вајлдер му беше дадена можност со судска наредба да побара борба против Британцот, мечот меѓу Џошуа и Фјури за обединување на титулите е доведен под знак прашалник, а сега се е поизвесно дека ќе биде откажан.

Борбата за апсолутен светски шампион требаше да се одржи на 14 август во Саудиска Арабија.

Фјури и Вајлдер треба да ја заокружат трилогијата што започна во декември 2018 година и борбата заврши нерешено. Во февруари 2020 година Фјури победи со технички нокаут во седмата рунда и ја освои титулата на ВБЦ, а според договорот имаа договорено и трета борба.

Но, средбата не се договораше поради пандемијата на коронавирусот, а подоцна Вајлдер се повреди. Фјури и неговиот тим, пак, се свртеа на подготовки за борба со Џошуа.

Во пресрет на реваншот во февруари 2020 година е договорено на третиот меч парите да бидат поделени со 60-40 во корист на Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО